×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши екстерното тестирање за матурантите

    29.01.2016 14:14 | KumanovoNews

    За матурантите денеска завршува екстерното тестирање кое започна во понеделникот.

    Заврши екстерното тестирање за матурантите

    Од средните училишта во Куманово велат дека сè поминало во најдобар ред, со исклучок на понеделникот кога тестирањето доцнеше поради технички проблеми. Немало некои посериозни забелешки за прашањата кои се паднале на екстерно.

    „На почетокот имаше мал проблем од технички причини и мислам дека тоа беше така и на ниво на држава. Другите денови се тестираа во просек по 61 ученик и денеска исто полагаа 61 ученик и сè помина добро. Имаше неколку отсуства, се надеваме дека ќе има друг термин“-вели Весна Трајковска, директорка на „Киро Бурназ“.

    Од „Наце Буѓони“ велат дека и кај нив екстерното поминало во најдобар ред.

    „Се пожалија дека едно исто прашање се паднало два пати, но тоа не е ништо страшно. Вчера полагаа 171 ученик, а денеска 51 матурант. Немаше некои поголеми отсуства“- рекоа од „Наце Буѓони“.

    Во Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска полагаа 122 ученици, а за овие денови додека трае екстерното имало само 2 отсуства на ученици.

    Од „Перо Наков“ додаваат дека во понеделникот полагањето доцнеше повеќе од 1 час, а другите денови тестирањето почнало навреме.

    „Само првиот ден се доцнеше и имаше мало нетрпение од учениците. Другиве денови почнуваше и завршуваше навреме во две групи. Денеска полагаа 41 матурант на македонски и 146 на албански јазик. Само едно дете беше отсутно и ќе полага најверојатно во февруари“-изјави Лидија Тасевска, директорка на „Перо Наков“.

    За учениците кои од оправдани причини не присуствуваа на екстерното тестирање, ќе следи тестирање во друг термин.