Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Викендов заврши Меѓународната ликовна колонија „Македонска икона 2012„ што по пети пат во Куманово ја организира здружението „Коледари„.
На колонијата учествуваа 9 уметници, по тројца од Македонија, Бугарија и Србија, кои твоера во прекрасниот амбиент во клубот „Коледари„.
По 7 дневно дружење добивме 23 прекрасни дела, масло на платно и акрил на платно.Ова е една од подобрите поставки. Јас сум презадоволен од годинешниве уметници. Имавме спој на искусни и млади автори, тие беа задоволни од она што ние им го овозможивме, а ние од тоа што тие го создадоа- вели Мики Трендафиловски, уметнички директор на колонијата „Македонска икона„.
На колонијата учествуваше и академик Васко Ташковски, Биљана Новковиќ, Михаела Гаџова, Марија Ефтимова, Трајан Трајковски, Александар Стефановски и други .
На затворањето на колонијата беше направена промотивна изложба на делата, а изложбата на сликите за јавноста ќе биде на 5 јануари идната година во Центарот култура „Трајко Покопиев„, а ќе гостува уште во неколку градови во државата.