×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши проектот за општинско-корисна работа

    18.12.2015 15:42 | KumanovoNews

    Со изведување на сценско музичкиот перформанс „За нас секој ден е 3-ти декември“, денеска во театарот беше одбележано завршувањето на шестмесечниот проект за општинско корисна работа.

    Заврши проектот за општинско-корисна работа

    Проектот го финансираа УНДП и општина Куманово, при што беа ангажирани волонтери кои на лицата со попреченост им помагаа да ги развиваат своите музички, драмски и други способности. Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека овој проект ги даде очекуваните резултати.

    Мислам дека  локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму да ги поддржува ваквите проекти. Резултатите во оваа категорија се побавни, меѓутоа во секој случај имаме напредок. Има луѓе кои се талентирани за определени области, така што тоа не се фрапантни резултати, не можете да очекувате резултати на краток рок, брзи резултати, но во секој случај гледаме дека се среќни, весели, има некоја позитивна енергија меѓу нив и родителите ќе бидат задоволни - изјави Дамјановски.

    Тој рече дека секоја година одвојуваат од општинскиот буџет по милион и пол денари за лицата со посебни потреби и се надева дека дел од овие средства ќе бидат насочени за волонтерите кои работат со лицата со попреченост.

    На свеченоста присуствуваше и претставникот на УНДП, Лујза Винтон која кажа дека заедно со МТСП работат не само во Куманово, туку и во други 41 општина во државата за работно ангажирање на невработени.

    Невработени кои што помагаат на лицата кои се социјално исклучени, Роми, стари лица, и обезбедување грижа за нив. Театарската  претстава е само еден пример како може лицата со попреченост да бидат вклучени во социјалниот живот, во спортскиот живот - рече Винтон.

    Демир Исмаилов е волонтер кој работеше на проектот и ги обучуваше лицата со попреченост да шијат.

    Сакам да кажам дека сум многу задоволен од овој проект. Јас бев застапник во работилница за шиење, децата го прифатија ова многу убаво. Се на се е многу успешен проектот - кажа Исмаилов.

    Тој вели дека ако се продолжи проектот, резултатите кај лицата со посебни потреби ќе бидат уште подобри.