Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За околу 17.000 ученици во општина Куманово денеска завршува учебната година.
Во училиштата денеска се одржуваат скратени часови, а утре ќе се знаат и резултатите од екстерното тестирање.
“Се држат скратени часови, се враќаат учебници и школската година завршува. Утре ќе ги имаме резултатите од екстерното тестирање. Резултатите ќе ги симнеме од системот, ќе ги испечатиме и истакнеме на огласна табла. До 15 јуни учениците можат да поднесат приговор за екстерното тестирање. Сведителства први ќе добијат учениците од деветолетка, за да се запишат во јунскиот рок во средни училишта, а потоа и сите останати ученици“ - вели Надица Петровска, директорка на основно училиште “Вук Караџиќ“.
За сите основци и средношколци денеска започнува летниот распуст.