Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По тринеделен зимски распуст, учениците денеска се вратија во училишните клупи во второто полугодие од учебната година.
Денот кој им беше додаден на распустот ќе го одработат во една од саботите на месец април.
Новина во второто полугодие е советувањето родители чии деца имаат 10 неоправдани или 100 оправдани изостаноци, три единици во период од три месеци или манифестираат насилно и несоодетно однесување.
Родителите или старателите на ученици со вакви проблеми ќе имаат законска обврска да дојдат на поканата за средба со психолог, што ќе им ја испраќа училиштето, или ќе бидат парично казнети.
На крајот на учебната 2011/2012 ќе има само полагање државна матура.