Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Mерката за ограничување на бруто-профитните маржи за над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи во трговијата на мало и големо завршува денеска.
Таа беше донесена во февруари годинава и трае заклучно со 30 април.
Бесар Дурмиши, министер за економија и труд истакна дека мерката дала позитивен резултат. Според него, повикувајќи се на официјални податоци, во март има намалување на цените од 1,3 посто во делот на храна и пијалоци, а и податоците за април укажуваат дека трендот на поевтинување продолжува кај ова група на производи.
На почетокот на февруари маржите на 102 групи на производи беа ограничени на 10 проценти, а беа утврдени и највискои цени за 8 групи на прехрамбени производи. Во меѓувреме, на средината на месецот стапи на сила и Законот за заштита на потрошувачите и уредбата трговците на мало јавно да ги објавуваат цените на своите веб страни, кои треба да се ажурираат секојденвно до 10 часот.
Надлежните смируваат дека од 1 мај инспектори на Државниот пазарен инспекторат ќе вршат засилени контроли на терен. Доколку има енормно зголемување на цените се најавуваат поригорозни мерки за трговците, добавувачите и производителите.