Завршува зимскиот распуст, од утре почнува второто полугодие
Зимскиот распуст денеска завршува за околу 17.000 ученици во општина Куманово и од утре тие ќе седнат во училишните клупи.

Училиштата се подготвени за почетокот на второто полугодие од учебната 2015/2016 година.
Евидентните листови веќе се поделени. Од 25 до 29 месецов ќе има екстерна проверка за матуранти, тоа е актуелно. Понатаму ќе имаме размени на ученици - вели Горан Димитријевиќ, директор на Гимназија „Гоце Делчев“.
Од основното училиште „11 Октомври“ велат дека во второто полугодие очекуваат резултати од проекти на кои аплицирале.
Подготвени сме за второто полугодие, парното работи, сите подрачни училишта имаат дрва. Аплициравме за некои покрупни проекти и во второто полугодие очекуваме резултати - кажа Елизабета Костадиновска Костиќ, директорка на „11 Октомври“.
На ниво на држава околу 270.000 ученици во основните и средните училишта утре ќе седнат во училишните клупи.