×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Здравствениот дом отвори лабораторија во амбулантата „Тоде Мендол“

    31.01.2024 13:43 | Оливера Пешевска

    Здравствениот дом Куманово отвори лабoраторија за анализа на крв во aмбулантата „Тоде Мендол“, која ќе започе со работа од утре. 

    Здравствениот дом отвори лабораторија во амбулантата „Тоде Мендол“

    Тоа е дисперзирана лабараторија во која ќе се земаат примероци од крв, урина и други примероци за анализа за дијагностичко - специјалистички цели.

    „Сметаме дека на пациентите многу повеќе ќе им одговара да се обратат таму, да не доаѓаат до центарот, со што ќе заштедат на време и секако на превоз. За отварањето на пунктот се известени матичните лекари од градот и околината, за да ги информираат и упатат пациентите“, истакна д-р Милена Спасовска Димовска, началник на биохемиска лабараторија на Здравствен дом Куманово.

    Ова е втора обид да се дисперзираат услугите и да се растерети централната лабораторија што се наоѓа во објектот на т.н. Уред. Во 2022 година таква лабораторија беше отворена во Амбулантата „ Гоце Делчев“, но по три месеци е затворена поради слаба искористеност. Сепак одлуката не е конечна, можеби во иднина би се обиделе повторно да се примени ваквата пракса на функционирање на повеќе пунктови во градот.

    „Пациентите по навика си доаѓаа во зградата на Здравствен дом. Попатно и си завршуваа некоја обврска во центарот на градот, па немаше економска оправданост да продолжиме со тој проект. Ова е тест период за „Тоде Мендол“ и ќе видиме како ќе се одвиваат работите таму“, објаснува д-р  Димовска.

    Цел на ваквите пунктови е намалување на гужвите и притисокот на лабораторијата во центарот, заштита на граѓаните од ширење на болести кога поголеми групи се задржуваат во затворен простор и секако поголема достапност на заинтересираните пациенти за услугата.

    Веќе воспоставена е праксата резултатите електронски да се испраќаат на апликацијата Мој термин од каде секој матичен лекар може да ги испечати, што повторно има голема предност и за пациентите и за здравствените работници.