Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на бранители “2001 - Куманово“ и годинава организира одмор за своите членови и нивни симпатизери во Претор на Преспанско езеро.
Цените се доста поволни за сместување во бунгалови, во камп приколки, ефтино е за деца. Одморот опфаќа 7 ноќевања, единствено бранителите треба сами да го организираат превозот до летувалиштето. Бројот на места е ограничен и оние кои се заинтересирани треба навреме да се пријават. Ова го организираме петта година по ред и сите кои сакаат да се дружат со бранителите нека повелат - вели Предраг Петрушевски, претседател на здружението.
Летниот одмор за бранителите ќе биде во терминот од 5 до 12 август, а заинтересираните можат да се пријават кај претседателот на “2001 - Куманово“, Предраг Петрушевски на телефонскиот број 070 487 412.