×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зеленчукот го продаваат-ѓубрето го расфрлаат

    13.09.2013 12:37 | KumanovoNews

     Сопствениците на камиони и тезги, кои продаваат зеленчук кај Спортската сала скапаните производи ги фрлаат покрај контејнер.

    Зеленчукот го продаваат-ѓубрето го расфрлаат

    Граѓаните кои живеат во близина се жалат дека од новозоздадената дива депонија се шири неподнослива миризба и претставува потенцијална зараза за граѓаните кои купуваат и поминуваат тука.

    Брзо сум доселен на улица “Денко Драганов“ и се забележува дека има ѓубре. Треба да се преземе нешто. Не пречат луѓето што продаваат, но ѓубрето да не го разнесуваат. Најчесто тука ги фрлаат производите кои не можат да ги продадат - вели Сашо Костовски, граѓанин.

    И граѓаните од улицата “Моша Пијаде“ која се ноаѓа во близина го потврдуваат истото.

     Има контејнери, но нема кој да фрла во нив. Се работи најверојатно за некултура. Тука живеат по една недела и се што ќе им остане фрлаат, гајби, зеленчук. Цело лето беше така и ние од улица “Моша Пијаде“ тоа секојдневно го гледаме - рече Лидија Наковска, граѓанин.

    На импровизираниот пазар на големо нема ни тоалети, па продавачите нужда вршат кај ќе стигнат на паркингот.

    Од ЈП“Чистота и зеленило“ објаснуваат дека овој дел од градот редовно се чисти, има доволен број на контејнери, а за проблемот со дивите продавачи треба да се погрижат инспекциските служби.