×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зеленилото на кејот се полева од нов систем

    25.08.2010 14:29 | KumanovoNews

     Оваа е продолжение на проектот за наводнување на зелените површини во градот со користење на техничка вода од бунарите што за своите потреби ги ископа претпријатието.

    Зеленилото на кејот се полева од нов систем

     Зелените површини на Градскиот кеј во иднина ќе се полеваат со систем за наводнување кој што го изгради ЈП „Чистота и зеленило„. Оваа е продолжение на проектот за наводнување на зелените површини во градот со користење на техничка вода од бунарите што за своите потреби ги ископаа од претпријатието.

    На Кејот се поставени две пумпи за исцрпување на вода со капацитет од 120 литри во минута, што е задоволително за наводнување на околу 3.5 хектари зелена површина. Оваа инвестиција е од големо значење, бидејќи се врши заштеда на време и пари за наводнување. Се работи за наш сопствен извор кој можеме да го користиме без да бидеме лимитирани. Ќе настојуваме на секој можен начин да го разубавиме овој дел од градот каде граѓаните поминуваат голем дел од нивното слободно време -вели Сашо Петрушевски  директор на Ј.П."Чистота и зеленило".

     За оваа намена потрошени се околу 15000 евра со мала помош од ЈП„Водовод".

    Во втората фаза на проектот се предвидува  поставување на центар станица со бесконечно тркало на реката Кумановка, кое ќе биде атракција и наводнување капка по капка за дрвајата на кејот.

     ЈП Чистота и зеленило на ист начин го реши и проблемот со наводнување на зелените површини на Градскиот плоштад.