Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Почнувајќи од утре, во просториите на Здружението на земјоделци Куманово ќе се потполнуваат обрасци за добивање на земјоделски субвенции.
Сите фирми и поединци треба да поднесат фотокопија од лична карта, потврда за трансакциска сметка, и зависно дали се работи за растително или сточарско производство , потребен е имотен лист, потврда за предадено млеко и слично. За растително производство рокот за аплицирање трае до 31 мај, а за сточарите до крајот на август. Млекопроизводителите треба да поднесат документи најдоцна до крајот на јуни.
Право на сувбенции имаат и пчеларите со над 35 плечни семејства. За да ја докажат сопственосат тие ќе треба да извадат потврда од ветеринарка станица или од инспекциска служба - објаснува Стојко Ивановски, секретар во локалното земјоделско здружение.
Тој додава дека преку медиумите и месните заедници сите земјоделци се добро информирани за постапката за добивање на субнеции од државата . Лани ова право го искористиле 8000 земјоделци од Куманово и околината.