×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Земјоделците ќе водат евиденција за употребата на ѓубрива

    08.10.2013 11:22 | KumanovoNews

    Земјоделците за да аплицираат за субвенции за 2014 година ќе треба да водат евиденција за вештачките ѓубрива и пестицидите кои ги употребуваат.

    Земјоделците ќе водат евиденција за употребата на ѓубрива

    Фитосанитарни инспектори ќе прават контроли за количините и видот на пестицидите кои се употребуваат се во функција на заштита на животната средина.

    Им укажуваме на земјоделците дека треба да си водат евиденција за вештачките ѓубрива, за средствата за заштита. Оние што имаат над 20 хектари земјиште задолжително ќе мора да направат анализа на почвата. Од 2014 година овие мерки ќе треба да ги знаат и да ги применуваат. Сега земјоделците ќе завршат со земјоделските работи надвор, ќе бидат послободни и ќе оддржиме презентација по селата во соработка со месните заедници - вели Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.

    Досега советници на агенцијата посетија шеесетина кумановски села за да ги запознаат фармерите со мерките од добра земјоделска пракса.