Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кон средината на февруари и во март земјоделците треба да фрлат ѓубрива на посевите, за да ги потхранат житата со азот и да обезбедат поголеми приноси.
Главен елемент кој го одредува приносот кај житните култури е азот, бидејќи тој е нестабилен во почвата, се губи, се испира. Во текот на есента е искористен, и сега е време да се додаде тој елемент за да имаме добри приноси. Најдобро време е средината на февруари, бидејќи во тој период повеќе од житата се во фаза кога се создаваат братимки кои потоа ќе дадат зрна. Треба да се употребат азотни ѓубрива уреа, амоним нитрат и калциум амониум нитрат - изјави Томе Цветковиќ, виш соработник по полјоделство во Агенција за поттикнување и развој на земјоделството.
За приноси до пет тони жито по хектар треба да се фрлат 120 килограми чист азот, од кој 70 отсто житариците ќе ги искористат, а остатокот ќе испари или ќе се измие со вода.