Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради ниските температури, стручњаците препорачувааат земјоделците да ги заштитат овошните дрвца со палење слама близу стеблата или со системи за распрскување.
Најстариот начин да се заштитат дрвцата е да се запали слама покрај стеблата. Треба да се внимава да не биде сламата сува, и да не биде многу блиску, да не ги изгори дрвцата. Пожелно е огнот да се запали од северна страна. Треба да се формира завеса од чад, и тоа минимално може да ги заштити пупките на овошките. Втор начин е со распрскувачи, ако се пуштат, тогаш водата околу овошката прави обвивка која замрзнува и го штити плодот. Ризично е ако има оформен плод, тој содржи во себе вода и ќе измрзне. Сега расцветани се бадемите, кајсиите, за разлика од јаболката кои цутат во мај - вели Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.
Тој објаснува дека температурите под нулата ако се задржат неколку часа можат да ги оштетат плодовите, а обично по полноќ температурите се спуштаат под нулата.
Постојат и други начини за заштита на овошни дрвца, но тие се далеку помодерни, поскапи и кај нас многу ретко се употребуваат.