×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Земјоделците се едуцираа за паушално оданочување

    04.12.2015 14:22 | KumanovoNews

    Во Здружението на земјоделски производители денеска дел од земјоделците се едуцираа за паушалното оданочување.

    Земјоделците се едуцираа за паушално оданочување

    Даночник од Управата за јавни приходи ги едуцираше на оваа тема, објаснувајќи им дека ова паушално оданочување е воведено од 1 јануари 2009 година. Ги опфаќа земјоделците кои со земјоделство се занимаваат како основно или дополнително занимање, а не важи за регистрирани земјоделци како ДООЕЛ, ДОО, АД итн.

    Вкупниот приход кој ќе се остави во 2015 година е да не го надминува износот од 1.300.000 денари. Ако во 2015 година сте оствариле до оваа сума, должни сте да поднесете пријава за регистрација на соодветен образец и до УЈП најдоцна до 31 јануари 2016 година, односно наредната година која следи за годината за која се утврдува данокот. Пријавата за регистрација се поднесува истовремено со барањето за паушално оданочување - изјави Стефан Симоновски од УЈП Куманово.

    Данок не се плаќа за субвенции од државата. Од Здружението на земјоделски производители Кумнаово велат дека ова предавање се организира затоа што претходно земјоделците правеле грешки при поднесување на пријави во УЈП.

    Оној приход од 300.001 денари до 1.300.000 денари се одначува така што 80 отсто се одбива, а  на тие 20 отсто се става данок од 10 отсто. Со ова ги повикуваме сите земјоделски производители да поднесат даночна пријава или да дојдат во Здружението да им се објасни, бидејќи сите не можат да дојдат на овој состанок или состанокот кој го имавме пред една недела. Да дојдат, да им објасниме, овие формулари да им ги потполниме, да не ги потполнуваат сами бидејќи се случуваат големи грешки. Лани ги ставале и субвенциите во приходи, а тие не се ставаат или луѓето средства кои не се од земјоделство ги пишуваат - рече Момчило Трајковски, претседател на Здружение на земјоделски производители.

    Тој ги повика земјоделците за сите нејаснотии да се обратат кај нив за помош.