×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Земјотрес во Албанија почувствуван и во Куманово

    26.11.2019 07:57 | KumanovoNews

     Граѓаните на Куманово, Скопје, Тетово, Дебар, Гостивар, Битола, Охрид, Кичево утринава ги разбуди силен земјотрес.

    Земјотрес во Албанија почувствуван и во Куманово

    Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, регистрирше серија на земјотреси, чиј епицентри потекнуваат од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч на растојание 170 км. југозападно од Скопје.

    Најсилен до сега од оваа серија е земјотресот во 3 часот и 54 минути со локална Рихтерова магнитуда 6.3 и беше почувствуван на целата територија на Републиката.

    Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во западните делови на Републиката (Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово), IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени според истата скала во источните делови на Република Македонија, - соопштуваат од сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

    Медумите од Албанија јавуваат за урнати згради а и за повеќе жртви. Граѓаните се излезени на улица во страв зборуваат за големи материјални штети.

    Истиот земјотрес е почувстуван и во  Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, БиХ и Италија.