Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Околу 2 часот по полноќ во Централна и Источна Македонија се регистрирани повеќе потреси.
Од сеизмолошката опсерваторија при Природно - математичкиот факултет во Скопје велат дека во Централна Македонија е регистриран земјотрес од пет до шест степени според Рихтер. Послаби потреси од три до четири степени според рихтеровата скала имало во Источна Македонија. Епицентарот е лоциран на 120 км источно од Скопје во соседна Бугарија во Перник. По првиот потрес имало уште 15 последователни потреси.
Жртви нема, но материјална штета имало во Бугарија поради што и сообраќајот е прекинат.
Серија поместувања на земјата беа почувствувани и во Куманово.