×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жена од Куманово е прв смртен случај од коронавирус во земјава, нејзиниот син позитивен

    22.03.2020 14:31 | KumanovoNews

    Жена на 57 години од Куманово е прв смртен случај од коронавирус во земјава, а нејзиниот син е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

    Жена од Куманово е прв смртен случај од коронавирус во земјава, нејзиниот син позитивен

    - За жал го имаме и првиот смртен случај, кој постхумно  е дијагностициран во Куманово. Се работи за жена која имала 57-години. Согласно приемот и треманот колегите постапиле согласно протоколот за изолација, навремено се земени два теста и двата покажале негативни резултати. Поради тоа што болеста била типична за коронавирус таа била третирана во изолација. Тој период на хоспитализација траел минатата недела во  Општата болница во Куманово, а брис повторно е земен после констатација на смртта, во текот на вчерашната вечер, и тој бил позитивен. Брисот е земен заради наглото влошување на состојбата, заради тоа што тое е нетипично за друга болест, заради што колегите повторно се посомневале.  Заедно со неа е хоспитализиран и нејзиниот син кој има 33 години, 2-3 дена после неа во текот на минатата недела, вчера настанало влошување на состојбата и тој е префрлен на одделот за изолација, а потоа на Клиниката за инфективни болести во Скопје, хоспитализиран е и се наоѓа во стабилна состојба,- изјави Филипче, на денешната прес-конференција.

      Жената била на патување во Италија.

    Во изминатите 24 часа регистирани се 29 случаи на заболени од коронавирусот во земјава.