×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Жена од минатото“ ќе го отвори камерниот фестивал „Денови на Јурислав Корениќ“ во Сараево

    11.12.2019 12:35 | KumanovoNews

    Претставата „Жена од минатото“ на Кумановскиот театар, утре вечер ќе го отвори Фестивалот за камерни претстави „Денови на Јурислав Корениќ“, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

    „Жена од минатото“ ќе го отвори камерниот фестивал „Денови на Јурислав Корениќ“ во Сараево

    Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вели дека очекуваат успешен настан во Сараево, како и отпочнување на соработка за понатамошни гостувања на Театар Куманово во Босна и Херцеговина.

    „Навистина сме почестени што ќе учествуваме на тој фестивал со претставата „Жена од минатото“.Тоа е претстава која будно ја држи публиката за време на целото нејзино траење. Претстава која има висок уметнички квалитет и повеќеслојна театарска приказна која одлично е вклопена заедно со сценографијата, костимите и врвната актерската умешност. Се заблагодаруваме на амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје за поддршката, како и на режисерката на оваа претстава, Нела Витошевиќ. Очекуваме успешен настан во Сараево и понатамошни идни гостувања на Театар Куманово“, вели Тодоровски.

    Претставата „Жена од минатото“ е според приказната на Роланд Шимелфениг од режисерката Нела Витошевиќ, претставува трилер кој раскажува за распаѓањето на едно семејство, и за тоа како случувањата од минатото влијаат на иднината. Темите за осаменоста, отуѓеноста, рушењето на интегритетот на поединецот се доминантни во „Жена од минатото“.

    Во претставата играат Александра Пешевска, Игор Ангелов, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ и Нина Максимова.