Жените од СДСМ собраа помош за сиромашните
Претставнички на Форумот на жени на СДСМ Куманово, вчера ја реализираа хуманитарната акција „Дарувај од срце“.

Донацијата од топла облека и обувки, ја предадоа во општинската организација на Црвен Крст од Куманово. Оваа акција се прави секоја година за да им се помогне на социјално загрозените граѓани.
Традиционална хуманитарна акција која секоја година ја правиме пред новогодишните и божиќните празници. Претставничките на Форумот на жени на СДСМ даруваа облека, обувки и прекривки. Секоја година во исто време ја правиме оваа акција во сите поголеми градови, за да им го олесниме тешкиот живот на социјално загрозените граѓани. Форумот на жени на СДСМ, како лево ориентирана прогресивна партија секогаш се грижи за сите структури на населението - вели Атина Мургашанска, координаторка на Форумот на жени на СДСМ Куманово.
Мургашанска истакна дека имаат добра соработка со Црвен Крст. Донациите цела недела се собирани во партиските простории на СДСМ и вчера се предадени во Црвен Крст.