Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставнички на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, синоќа донираа за социјално загрозено семејство во населбата Перо Чичо.
Се работи за самохран родител со три деца кој е невработен. Донирани се облека, храна и средства за лична хигиена.
Оваа помош е собрана на штандовите кои беа поставени на Градскиот плоштад. Имаме собрана помош за уште две семејства. Со ваквите хуманитарни акции ќе продолжиме и во иднина во рамки на нашите можности - рече Емилија Трајковска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Жените од ВМРО-ДПМНЕ досега многупати организирале хуманитарни акции, во кои донираат за сиромашните граѓани кои имаат потреба од помош.