×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жестока расправа за општинскиот буџет

    03.05.2012 12:35 | KumanovoNews

    На шеесет и шестата седница на Советот на општина Куманово се разви дебата околу општинскиот буџет во првиот квартал од 2012 година.

    Жестока расправа за општинскиот буџет

    Советниците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека во поглед на капиталните инвестиции има сериозно заостанување. Според нив 20 проценти исполнетост на буџетот не е доволна и во идеални услови, а би требало за три месеци да изнесува 25%.

    Буџетот е основна алатка за исполнување на визиите на еден градоначалник. За неполна година граѓаните ќе си кажат колку се задоволни од сработеното - изјави Стефан Трајановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ.

    Градоначалникот потенцираше дека во моментов се работи на 29 нови проекти кои се финансирани со општински пари. Направени се 70 улици, 3 раскрсници и решен е проблемот со атмосферската канализација.

    Трајановски направи коментар за 7 годишно работење, а не за три месеци. На оваа исполнетост на буџетот може и Владата да ни позавиди, бидејќи постојано се задолжува - одговори градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Првиот човек на општината додаде дека дотациите доцнат и дека од нив не добиле ниту 10 одсто. Фактот што општината нема одговор од Министерството за финансии за одобрување на кредит го смета за политичка одлука. На седницата со 18 гласа за беше изгласан извештајот за извршување на буџетот во првиот квартал од годината.

                                 С.А.