Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Норвешки државјанин, со привремен престој во Куманово ја истепал сопругата, а потоа сакал да се пресмета и со нејзиниот татко, кој дошол да ја одбрани.
Нападот се случил завчера во куќата на сопружниците во која живееле под кирија, кога К.Т.(38) започнал расправија со неговата сопруга Н.С.Т.(37). Караницата избегала од контрола, па сопругот ја нападнал жената удирајќи ја со тупаници и клоци по телото и лицето. Н.С.Т. побарала помош од нејзините родители, и кога тие пристигнале, зетот се нафрлил со шрафцигер да се пресмета со М.С.(67) од с.Табановце, татко на жената. Во кошкањето и турканицата, насилникот се здобил со убодна рана во пределот на градниот кош и коленото.
Ова не е прв демонстрирање на сила на зетот-старнец. Тој во март мината година се пресметувал и соседите на ул.„Тоде Думба“ во Куманово. Норвежанецот по кратка вербална расправија со Б.Д.(41), физички го нападнал и со солзавец го испрскал во пределот на очите, а потоа му го скршил и прозорското стакло од неговото возило.
К.Т. ќе одговара за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста при семејно насилство“.