Зет со стап истепал баба
04.06.2013 08:15
| KumanovoNews
Бесен кумановец ја истепал мајката на неговата сопруга затоа што подолго време не се согласувале.

М.А.(32) од Куманово на почетокот на минатиот месец, отишол во дворот на Н.Ф.(50) на улица “Иво Лола Рибар“ и започнал расправија поради нарушени семејни односи. Кога зетот се изнервирал земал дрвен стап и почнал да ја удира жената по телото. При тоа и нанел тешка повреда на раката.
М.А. ќе одговара за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.