×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зголемен бројот на тешки кражби

    13.12.2012 15:30 | KumanovoNews

       Во Куманово и околината има зголемен број на тешки кражби. Тоа го покажа извештајот за работа на полицијата во второто тромесечје од годинава, каде се евидентирани 641 кривично дело, од кои во 532 случаи се работело за тешки кражби.

    Зголемен бројот на тешки кражби

    Вработените во Полициската станица Куманово во 60 отсто од пријавите ги пронашла сторителите.

       Советникот Бранко Арсовски, смета дека полицијата мора да го заштити имотот на граѓаните и да го намали негативниот тренд, бидејќи во 2011 година за истиот период направени се 450 кривични дела.

    Зоран Колевски, советник од СДСМ упати забелешка на малото присуство на полициските службеници во селските средини и побара полициските патроли да се зголемат за месното население да се чувствува побезбедно.

    - Во Старо Нагоричане полицајци има само до 16 часот. Сега е буквално како што велат: Да платиш да видиш полицаец. Самото присуство на полицијата значи авторитет. Кажуваат дека им недостасуваат возила и финансии. Има начин тоа да се реши. Со едно возило можат да ги земат и во попладневните часови да ги вратат. Јас од каде што потекнувам полицајци одамна не сум видел - кажа Колевски.

    Антон Витковски, командир во Полициска станица Куманово рече дека полицијата професионално си ја врши работата и тие се задоволни од процентот на реализација на нивната работа. Во однос на забелешките за работата во Полициската станица Старо Нагоричане, одговори дека одлуката за работно време ја донело МВР и како таква мора да се почитува. Витковски нагласи дека за да се спречи стопанскиот криминал треба да се преземаат мерки заедно со инспекциските служби.

    Сите заедно треба секој ден да бидеме на терен, а не да седиме во канцеларии, бидејќи Куманово е голем град и само така можеме да ги сузбиеме незаконски дејствија. Јас лично се залагам да нема толеранција за никој, кога се работи за глоби, бидејќи законом мора сите да го почитуваат. Акциите кои сме ги направиле досега се бројат на прсти. Тоа не е доволно - изјави Витковски.

    Максим Димитриевски смета дека работата на полицијата треба да се подобри, а возилата кои се оставаат пред дуќаните на улиците “ Трета МУБ“ и “Христијан Карпош“ треба да се тргнат. Тој побара полицијата почесто да патролира околу училиштата каде има мешан состав на ученици за да нема тепачки.