×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зголемен бројот на заболени од варичела

    11.01.2016 11:51 | KumanovoNews

    Во декември лани во однос на претходните месеци имало зголемен број на заболени од варичела во Куманово или во народот попознати како овчи сипаници.

    Зголемен бројот на заболени од варичела

    Регистрирани се 37 заболени во декември, а во наредниот период се очекува оваа бројка да расте, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово. Епидемиологот Јадранка Стаменковска  вели дека болеста се јавува сезонски и најчесто од неа заболуваат децата.

    „Застапени се деца до 6 години најголем процент и од 7 до 9 годишна возраст, тоа се најчестите возрасни групи кои што се зафатени со заболувањето. Тоа се оние колективи, градинките и училиштата. Заболувањето поминува во три стадиуми, со првиот стадиум со појава на главоболка, истоштеност, зафаќање на горните дишни патишта, со појава на едни визикули кои  што прскаат и за еден до два дена се појавува исипен стадиум кој се јавува во налети и е различен по структура. Овие налети се јавуваат во 10 до 30 дена на овој исип, така што телото на детето е исипано“- рече Стаменковска.

    Болеста се лекува со соодветна терапија, а на заболените деца им се даваат течни пудри за да не се чешаат. Просториите треба да се проветруваат и домашната средина во која е детето треба да биде чиста.

    Од вкупниот број на  заболените деца, малку е поголем бројот на деца кои потекнуваат од урбана средина. Последниве години и во мај, јуни и јули се зголемува бројот на заболени од варичела.