Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 100 пациенти од Куманово и Липковско, се затруле со боза во изминатите 4 дена и побарале помош на инфективното одделение во Кумановската болница. Сите пациентите примаат инфузии и дадена им е соодветна терапија, а дел од нив повторно се јавуваат на лекар со влошена здравствена состојба.
Има некаде околу 40 пациенти што одат дома, па повторно се враќаат. Извор на заразата најверојатно е боза, а ние зедовме примероци и чекаме резултати - изјави инфектолигот Азис Бајрами.
Утре ќе пристигнат резултати од лабораториски анализи земени во слаткарницата Љубичица, од каде затруените пиеле боза. Епидемиолозите се сомневаат дека во бозата се развила бактеријата салмонела во процесот на производство, ферментација или пак при транспорт на напитокот.
Објектот е затворен, па затоа не очекуваме нови заболени. По симтомите најверојатно се работи за салмонелно труење, но невообичено е што бозата има состав што би можел да предизвикаат некое такво заболување - вели епидемиологот Предраг Ѓорѓиевски.
Лекарите велат дека и рамазанските пости ја влошиле состојбата заради намалена отпорност на организмот кај пациентите. Тие препорачуваат да се внимава на хигиената за да не се шири заразата, а заболените со потешка клиничка слика ќе бидат задржани неколку денови на лекување.