Зголемен водостојот на Пчиња кај Добрешане
01.04.2013 07:41
| KumanovoNews
Од Центарот за управување со кризи велат дека во текот на вчерашниот ден и ноќта наврнале 9,5 литри дожд на метар квадратен.

Тоа е мало количество на вода кое не може да предизвика поплави. Зголемен е водостојот на река Пчиња кај Доброшане, и за разлика од вчера има покачување на нивото на водата за 2 цм. Опасност засега нема, ние секој ден добиваме извештај од УХМР - велат од ЦУК.
Нови врнежи од дожд се очекуваат во среда.