Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите од улицата “ЈНА“ кои живеат во зградите кај фабриката “Чик“, се жалат дека подолг период имаат проблеми со водоснабдувањето.
Граѓаните се обратиле до јавното претпријатије “Водовод“ и општината, но велат дека нивниот проблем не е решен.
“Бараме конечно да се реши овој проблем кој е иритирачки. Во ова време да се нема вода, доаѓа околу полноќ, ја снемува во утринските часови или околу 10 часот“-вели жител на оваа улица.
Од “Водовод“ негираат дека проблемот трае неколку месеци. Претходно вода немало затоа што со тој проблем се соочуваа сите граѓани, заради недоразбирањата со Водостопанство Кумановско-липковско поле.
“Не се работи за неколку месеци, пократок период е. Таму има инвеститор кој гради зграда и на своја волја ја стопира водата. Преземени се мерки, укажано му е и проблемот ќе се реши“-вели Горан Стојковски, директор на “Водовод“.
Станарите од “ЈНА“ мислат дека се работи за дефект кој не е саниран од “Водовод“.