×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жител на Брест вршел превоз на огревни дрва без лиценца

    21.01.2020 20:18 | KumanovoNews

     СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.А.(48) од с.Брест,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

    Жител на Брест вршел превоз на огревни дрва без лиценца

    Пријавениот, во повеќе наврати во текот на 2017 година, на различни дестинации, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, со товарно возило „мерцедес“, сопственост на Е.А., вршел јавен превоз на огревни дрва во различни количини, без притоа да поседува лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган.