Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
А.М.(41) од село Лојане транспортирал мигранти од Гевгелија до Лојане, ги сместувал дома, од каде требал да ги пренесе во Србија.
При претрес на неговиот дом минатат недела, пронајдени се девет мигранти од Сомалија. Тие кажале дека за превоз од граничниот премин со Грција до Лојане плаќале по 500 евра од возило. А.М. превозот го организирал со такси превозници, а за ноќевање им наплаќал по 5 евра. Сомалијците кажале дека во истата куќа во Лојане во ноември имало 22 мигранти кои платиле за да заминат за соседна Србија.
А.М. е во бегство, и кривично ќе одговара за “криумчарење на мигранти“. Сомалијците се сместени во Прифатниот центар за странци за понатамошна постапка.