Мени

Жител на Лојане почина во затворот Идризово

27.10.2016 20:10 | KumanovoNews

Б.И.(29) од липковското село Лојане, затвореник во КПУ Идризово, вчера попладне починал на Клиника за гастрологија.

Жител на Лојане почина во затворот Идризово

Затвореникот боледувал од цироза, а на 24-ти месецов бил донесен во клиниката поради влошена здравствена состојба.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.