Жители на Ваксинце продавале хероин
15.10.2013 14:32
| KumanovoNews
Двајца жители од село Ваксинце продавале хероин, при што едниот од нив добивал процент од продадената дрога.

При претрес во домот на Т.Т.(31) пронајдени се 5,48 грама наркотична дрога хероин, која заедно со А.С.(33) требало да ја продадат. Т.Т добивал процент од второпријавениот А.С. На двајцата истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а полицијата трага по А.С.
Т.Т и А.С ќе одговараат за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.