×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите на „Ѓорче Петров“ два дена немаат вода

    13.08.2015 12:09 | KumanovoNews

    Жителите од улицата „Ѓорче Петров“ се жалат дека два дена немаат вода.

    Жителите на „Ѓорче Петров“ два дена немаат вода

    Бараат надлежните да го решат овој проблем. Велат дека е нечовечки на високи температури да немаат вода за задоволување на основните потреби и бараат поголема одговорност од надлежните.

    До кога ќе си играат со нас, на овие горештини два дена да седиме без вода. Се јавив во „Водовод“, ми рекоа дека е до Водостопанство. Таму се јавив ми рекоа дека нема врска и дека водата непречено се испорачува до филтер станица. Па после се јавувале епидемии, па ќе се јавуваат  кога нема вода. Сигурно ваков проблем има и во другите делови на градот - вели граѓанин.

    Од јавното претпријатије „Водовод“ велат дека проблем има во високите зони на градот, и тоа е поради количините на вода со кои располагаат.

    Не е само на „Ѓорче Петров“, проблем воопшто има во високите зони. По “бај пас“ водот добиваме 30 литри во секунда, по главен вод 160 литри во секунда, и од наши извори обезбедуваме 50 до 100 литри во секунда, што не е доволно за да ги задоволиме потребите - рече Горан Стојковски, директор на „Водовод“.

    Деновиве и од граѓани кои живеат во други делови на градот имаше поплаки за водоснабдувањето.