×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите на Довезенце бараат мост на Крива река

    29.09.2015 13:51 | KumanovoNews

     Жителите на селото Довезенце, денеска  на денешната прес-конференција побараа од локалната власт да им изгради мост на Крива река, кој ќе ги поврзува куќите од двете страна на селото.

    Жителите на Довезенце бараат мост на Крива река

    Пред 15 години изградиле премин, но се плашат дека при поголем водостој ќе се урне. Од локалната самоуправа неколку пати барале да им се изгради мост, но безуспешно.

    Нашите маки се многу големи, посебно овој период кога водостојот на реката драстично се зголемува, а имотите и луѓето од другата страна се отсечени. Доколку не се обезбеди мост на Крива Река ќе мора луѓето со километри да патуваат на простори каде што нема пат за да стигнат на другата страна, што ќе претставува вистинска голгота особено зимско време. Би сакале да го прашаме градоначалникот дали е свесен за тежината на нашиот проблем. Нека каже колку пати само до него се имаме обратено за изградба на мост. Кога веќе конечно ќе се реши нашиот проблем, поради кој со години не можеме нормално да живееме. Нашето село е поделено со реката, со нејзиното надоаѓање постои опасност да бидат блокирани многу фарми, куќи и стотици хектари обработиливо земјиште и пасишта - вели Драги Додевски, претседател на месната заедница во Довезенце.

    Од градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски бараат да излезе и да каже што планира за решавање на овој проблем. Во селото живеат околу 100 жители, плус има околу 80 викендици.