Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од следниот месец жителите од населбата Карпош, сметките за вода и ѓубре ќе ги плаќаат во новоотвoрен пункт во нивната населба, наместо како досега на инкасатор или во градот.
Наплатниот центар се наоѓаат во деловен простор на улица 100, во близина на крстот. Од ЈП „Чистота и зеленило“ велат дека нови наплатни пунктови ќе се отворат и на други локации во градот, се со цел да се подобри услугата кон граѓаните.
- ЈП претпријатие при крајот на минатата година, воведе нов софтвер за наплата, во рамките на претпријатието, со оглед на тоа дека веќе подолг временски период останатите институции ги имаат укинато наплатите преку инкасатори на терен. Со новите нормите коишто се воспоставени и кај нас наплатата ќе се одвиваат само преку наплатните центри. Веќе имаме обзбедено нов наплатен центар во населба Карпош, ќе обезбедиме дополнителен наплатен центар кај Зелениот пазар, како и во веќе постоечките наплатни пунктови на Градскиот плоштад и во дирекцијата на ЈП. Во наредниот период ќе направиме напори да обезбедиме и уште еден наплатен центар во реонскиот пазар,- вели директорот Даниел Стојчевски.
Во новоотворените пунктови ќе работат инкасаторите коишто досега вршеле наплата по домаќинствата, а просториите ќе ги делат со ЈП „Водовод“ заради поекономично работење.