×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите на Љубодраг не го даваат Задружниот дом

    01.06.2014 10:48 | KumanovoNews

    Жителите на кумановското село Љубодраг, денеска два часа го блокираа стариот пат Куманово-Скопје, барајќи од надлежните државни институции да не дозволат да се приватизира Задружниот дом во селото.

    Жителите на Љубодраг не го даваат Задружниот дом

     Тие тврдат дека зградата која се наоѓа сред село, пред повеќе од 50 години ја граделе самите тие или нивните родители, а сега државата сака да ја продаде без нивна согласност.

    Стечајниот управник на Слога Умин Дол, сака бесправно да го легализира и отуѓи објектот. Затоа бараме да се смени законот за стечај бидејќи ние сме оштетени со него. Бараме зградата да остане во сопственост на месната заедница и да ја користиме за наши потреби,- вели Горан Лазиќ, претседателот на месната заедница Љубодраг.

    Жителите тврдат дека во 1963 година кога била формирана Слога Умин Дол, селскиот дом бил издаден само на користење, но во меѓувреме фирмата го присвоила и сега го продава без да поседува документ за сопственост.

    Протестот на патот траеше од 10 до 12 часот, а жителите најавуваат дека ќе ги радикализираат протестите ако не се сопре распродажбата на селскиот имот.