×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Жителите на „Октомвриска“ се против воведување на зонско паркирање пред нивните згради

    22.06.2022 09:16 | Сузана Николиќ

    Предлогот да се плаќа паркинг на улиците и паркинзите на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово не беше прифатен од жителите на оваа населба. 

    Жителите на „Октомвриска“ се против воведување на зонско паркирање пред нивните згради

    На синоќешниот состанок, кој го организираа станарите откако дознале дека од понеделник ќе започне исцртувањето на паркинг места за Б зоната, беше донесен единствен заклучок дека не сакаа да плаќаат повластен паркинг од 3400 денари на годишно ниво.

    „Оваа одлука е донесена само за да се соберат пари, а нема да се зголеми квалитетот на паркирањето. Бројот на паркинг места останува ист. Нека направат катна гаража како што ветија ако сакаат да решат проблемот. Ние не сме проблем за паркирањето во овој град. Проблем е центарот на градот, а кај нас се воведува само за да ни земаат пари. Бараме да дојдат претставници од ЈП „Куманово-паркинг“ и Општината за да им го кажеме нашиот став, во меѓувреме ќе направиме петиција и ќе собереме потписи од сите станари, кои ќе ги доставиме до надлежните и на претставниците во Советот“, велат организаторите на собирот.

    Граѓаните ја потсетија локалната власт дека со години наназад безуспешно бараат да ги подобри условите за живот во оваа населба, да се уреди зеленилото на булеварот и околу зградите, да се пошуми и озелени просторот околу реките, да се доизгради речното корито и да се продолжи кејот, да се пополнат дупките на улиците, да се намали бучавата и загадувањето, и да се зголеми нивото на хигиената...

    „Прво да се средат основни работи, па тогаш да се воведе платен паркинг. Улицата ја направија едносмерна, нема полиција и вози кој како ќе стигнe, најчесто во спротивен смер. Го гледате ли зеленило и каква е хигиената? Јас самиот ја косам тревата. За се што ќе побараме ни велат дека е сопственост на зградата. Кога баравме да ни асфалтираат ни рекоа дека тоа е наше место, а сега кога треба да ни наплатат паркинг тврдат дека е државно. Факт е дека имаме многу проблеми, треба да се тргнат сите комбиња, автобуси, камиони, автомобите кои се продаваат, да се пополнат дупките на улиците, да се казнат возачите кои го узурпираат зеленилото, да се средат парковите, ама тоа е работа на општинските претпријатија и служби, доволно плаќаме даноци“, велат граѓаните, кои додаваат дека доколку против нивна воља дојде до воведување на зоната Б ќе организараат протести и ќе ја блокираат улицата, а ќе следи и граѓанска непослушност. 

    Тие кажуваат дека во договорите при купување на становите стои дека имаат паркинг места, но не ни било дозволено да ги откупат. На булеварот „Октомвриска револуција“ има 58 стамбени згради и повеќе илјади станари.

    Жителите ги потсетија надлежните и за селективно воведување на зонското паркирање,  додека во одредени делови на градот се проширува, во централното градско подрачје тоа не функционира.

    Предлогот за воведување на Б зоната на булеварот „Октомвриска револуција“ уследи откако граѓаните побараа да се реши проблемот со паркирањето на автомобилите на граѓаните кои живеат во приградските населби, а работата во Скопје или околните градови. Нивните возила ги узурпираат паркинзите во текот на целиот ден и се создава хаос во паркирањето.

    За овој проблем Општина Куманово ќе мора да изнајде посоодветно решение, како што е изградба на катна гаража за да се реши проблемот и за граѓаните од населбите, бидејќи и тие имаат реална потреба од паркинг затоа што градскиот превоз не е дотолку функционален.

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk