×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите од улицата 210 во Карпош бараат канал и асфалт

    27.01.2025 11:49 | Оливера Пешевска

    Неасфалтирана и раскопана е улицата 210 во населбата Карпош во Куманово, поради што жителите се жалат дека кога ќе заврне дожд од кал не можат да излезат од дома. 

    Жителите од улицата 210 во Карпош бараат канал и асфалт

    Поради непостоечката патна инфраструктура принудени се да користат автомобили, кои, пак, се оштетуваат по раскопаниот пат.

    На улицата има 30-тина куќи, а се наоѓаат на потегот кој ја поврзува населбата Карпош од т.н. Салон со селото Тромеѓа, правец кој секојдневно се користи од мештаните.

    „Куќите во најголем дел се легализирани, платени се комуналии и редовно добиваме решенија за данок. Но, немаме ништо за возрат, пред извесно време се започна со изградба на канализација, а потоа очекувавме и да се асфалтира патот. Изградбата на фекална канализација се стопираше по некаде 600 метри, не сме приклучени на водот во Тромеѓа, патот не е направен. Така е оставена на половина пат. Инаку имаме приклучок за вода на градската  мрежа“, објаснува Аце А., жител на улицата.

    Жителите се обидувале и самостојно да си обезбедат пристојни услови- го посипувале патот со чакал. Но, тоа не е трајно решение, секој дожд, мраз, снег им докажувал дека таквите обиди се залудни. Сакаат трајно решение, за да можат непречено да се движат без да се грижат за својата безбедност, или за исправноста на автомобилите. 

    На неколку наврати се обиделе да стапат во контакт со надлежните лица од општината, но не успеале со никого да разговараат за својата мака. Биле упатени да разговараат со секретарот, но не одговарал на нивните телефонски повици. Сега не знаат кому да се обратат за да добијат одговор и насоки за решавање на долгогодишниот проблем.

    Во Програмата на Општина Куманово улицата 210 не е запишана ниту во делот на нарачани проектни документации, ниту пак за изградба на улицата, без разлика кој извор на финансирање би се користел за таа намена. Тоа практично значи дека не се делува во насока на асфалтирање на нивната улица.

    „Додека не се изработи Генералниот урбанистички план (ГУП) не може ниту да се размислува за правење на улици на тој потег. Треба и повторно да се размислува за фекалата канализација тука, на таква должина би требало да има три пумпи. Но, малиот број на стамбени објекти го прави кориостењето на такви пумпи нерентабилно и економски неоправдано- би трошеле многу струја. За тоа- потоа, кога ќе имаме ГУП тогаш можеме да разгледуваме и размислуваме во таа насока“, истакна Момчило Јовановски, Сектор за комунални работи на Општина Куманово.