Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените во најголемото мелничко-пекарско претпријатите „Житомел„ во Куманово, четири дена и ноќи штрајкуваат во работните простории, незадоволни што од февруари не земале плата, а новиот газда не ги исполнува преземените обврски.
Фирмата „ГРОС ТИМ„ од Струмица, минатиот месец склучила договор со „Житомел„ да врши производство и испорака на леб. Откако дојдоа само доведоа свои возачи и ги отпуштија старите. Со наши камиони го разнесуваат лебот што со залихите брашно ние го произведуваме. Тој досега не донесе ни денар, туку само не искористува, ги собира парите и ја празни касата-велат вработените.
Посредникот на новиот газда, извесен Нешо од Куманово на вработените им ветил дека ќе го зголеми производството на леб и бели пецива, ќе се модернизира процесот на производството и дистрибуцијата на леб во регионот.
Од како виделе дека нема ништо од договореноте работниците се обиделе да разговараат со раководните луѓе во „Житомел„, кои го потпишале штетниот договор со струмичката фирма, но тие не сакат да се сретнат и почнале да делат отказни решенија.
„Житомел„ две недели нема струја, заради неплатен долг од 5 милиони денари, па пред штрајкот лебот се печеше на агрегат. Во фрижидер имаме над 50 илјади парчиња слатки што најверојатно ќе се расипат и ќе ги фрлиме. Магацинот ни е полн со стар леб, бидејќи тие не ја знаат работата - обвинуваат вработените.
Житомел произведува околу 5 илјади парчиња леб дневно и поради штрајкот во изминатите неколку дена се чувствува недостаток на леб во продавниците во Куманово.
Пекарницата е во сопственост на Бајруш Сејудиу, и по неговото апсење ја раководеа членови од неговото семејство. За промената на сопственоста не знае никој од надлежните државни институции.