„Живи артефакти – Трансценденција“ - Самостојна изложба на Филип Јовески во Куманово
Во уметничката галерија при Музеј Куманово утре во 19:30 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Живи артефакти – Трансценденција“ на академскиот мултимедијален уметник Филип Јовески од Прилеп.
Изложбата претставува трет дел од циклусот „Живи артефакти“ и преку спој на традиционални техники, дигитална уметност и аугментирана реалност го истражува односот помеѓу физичката и виртуелната реалност. Делата се инспирирани од културното наследство и мотивите од народните носии, а проектот претставува синтеза на визуелна уметност, архитектура, анимација и современи технологии.
Посетителите ќе имаат можност да проследат уникатно мултимедијално искуство, во кое аналогното уметничко дело се трансформира во дигитална и интерактивна форма, отворајќи нови перспективи за перцепција и комуникација со уметноста.
Филип Јовески е наградуван мултимедијален уметник, магистер по фини уметности и автор со богато меѓународно искуство, кој досега реализирал изложби и проекти во повеќе европски земји.