×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Златибор одлична дестинација за летен одмор

    27.05.2013 10:46 | KumanovoNews

    Во просториите на Културно-информативниот центар на Србите „Спона„, туристичката организација Златибор, одржа презентација на туристичката понуда и туристичкиот потенцијал за престојаната сезона.

    Златибор одлична дестинација за летен одмор

    Оваа е втора ваква презентација за македонските туристи. Минатата година Македонија беше земја партнер, одобрија повеќе попусти и тоа даде резултати, македонските граѓани го почувствуваа тоа. Тогаш Кумановоњус беше дел од тој промотивен настап на Златибор и се увери во нивните капацитети, можности и попустите за македонските граѓани. Сега по втор пат се обидуваат да ги анимираат граѓаните, да не одат само на море, туку да бидат дел и од планинскиот туризам, и како што самите највија повторно има големи попусти за Македонците да заминат на Златибот и да се уверат во убавините на таа планина- изјави домаќинот Милутин Станчиќ, претседател на „Спона„.

     Јелена Тошиќ од Туристичката организација Златибор, најави повеќе нови содржини во планинското летување, а туристите од оваа година ќе имаат можност да користат 6 нови капалишта.

    Тоа се отворени базени, кои што се наоѓаат во центарот и на влезот во Златибор. Покрај тоа, ски-центарот Торник ќе работи во текот на летото за сите кои сакаат да уживаат во панорамското возење на жичарницата на висина од 1496 метри надморска висина на највисокиот врв на Златибор. Оваа година новина е и отворањето на туристичкиот камп на Златибор, кој ќе биде уреден по најсовременитее стандарди за туристи од регионот и странство- објаснува Тошиќ.

    Таа тврди дека и оваа година цените ќе бидат прифатливи за граѓаните и ќе се движат на минатогодишното ниво, а хотелиерите одобруваат попуст до 20 посто.

    Меѓу гостите од Македонија, Златибор го посетуваат и голем број на кумановчани.

    Многу сме задоволни од туристите од Куманово, кои се наши чести гости. Тие најмногу бараат организирани излети до туристичките атракции, „Стопиќ пеќина„, Музејот старо село Сирогојно, водопадот Коспиљ, Мокра гора и Шаргански осмици. А ја сакаат и нашата традиционална храна, особено српската ракија- вели Тошиќ.

     На промоцијата, присуствуваа повеќе туристички агенции каде што можат да се најдат понудите за Златибор.