×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Златна и бронзена медала за основците Милевска и Младеновски на Државно првенство во пливање

    14.09.2024 12:01 | KumanovoNews

    Каја Милевска од ОУ „Кочо Рацин“ освои 1 место на 50 м. слободен стил, а Жељко Младеновски од ОУ „Браќа Миладиновци“  трето место на 50 м. градно, на Државниот натпревар во пливање за основни и средни училишта, кој вчера се одржа во Скопје. 

    Златна и бронзена медала за основците Милевска и Младеновски на Државно првенство во пливање

    Двајцата натпреварувачи од Куманово беа во категоријата до петто одделение, а ментори им се Ненад Младеновски и Марија Митиќ. На натпреварот учествувале и ученици од ОУ „Крсте Мисирков“ кои имале солиден пласман, но не освоиле медала. 

    Натпреварот се одржал во силна конкуренција на 252 ученици од 63 училишта од земјава.

    Државното првенство во пливање за основни и средни училишта е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија во соработка со Општинскиот сојуз на училишен спорт на  Аеродром, а се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. На првенството присуствувал и министерот за спорт Борко Ристовски.