×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЗНАМ ги поднесе листите до ОИК и ги претстави кандидатите за градоначалник и советници

    12.09.2025 16:29 | KumanovoNews

    Партијата ЗНАМ денеска ги достави листата за градоначалник и листата за советници до Општинската изборна комисија во Куманово.

    ЗНАМ ги поднесе листите до ОИК и ги претстави кандидатите за градоначалник и советници

    Максим Димитриевски е кандидатот за градоначакник, а Ивана Ѓорѓиевска е носителка на листата на советници. Шеф на Општинскиот изборен штаб е Даниел Стојчевски, претседател на општинската организација.

    „По одлука на органите и телата на паријата едногласно е одлучено на престојните локални избори наш кандидат за градоначалник да биде повторно актуелниот градоначалник Максим Димитриевски. Нашиот кандидат ќе биде поддржан и од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на листата на советници , тоа се луѓе кои што се релизирани во своето делување, млади луѓе, водевме сметка за полова и регионална застапеност, пред се луѓе кои се мотивирани да работата и творат, и да придонесат Куманово да биде поубаво и европска општина. Согласно сите анализи и анкети ние како политичка партија во оваа кампања влегуваме како апсолутни фаворити и очекуваме на 19 октомври убедлива победа“, кажа на прес конференција Стојчевски. 

    Димитриевски се заблагодари на поддршката на неговата партија и кажа дека Куманово заслужува континуитет за да продолжи да се развива.

    „Горд сум што стојам пред овие млади, перспективни и докажани луѓе, кои се дел од нашата кандидатска листа. Во оваа прилика сакам да им честитам на кандидатурите на сите мои противкандидати и сите кандидати за советници, и да посакам граѓаните да го направат вистинскиот избор. Верувам дека граѓаните ќе дадат поддршка на континуитетот, бидејќи Куманово почна да се менува и заслужува промени во целост во однос на инфраструктурата, но и во делот на нашите секојдневни навики“, кажа Димитриевски.

    Ѓорѓиевска истакна дека е чест и одговорност да се биде носителка на листата, и најави дека и во новиот состав нивните советници ќе ги застапуваат интересите на граѓаните во решавање на нивните проблеми. И таа кажа дека листата ја сочинуваат млади луѓе кои ќе го градат Куманово.

    Од партијата најавија дека ќе водат позитивна кампања, и нема да дозволат да ги скараат граѓаните во политички цели.