Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Неосновани се обвинувањата изнесени на прес-конференцијата за имотот на градоначалникот Максим Димитриевски од поранешната претседателка на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, велат од ЗНАМ.
„Неосновани се обвинувањата, бидејќи станува збор за земјиште купено со купопродажен договор од физичко лице во 2010 година, во време кога Димитриевски не беше градоначалник и уредно е пријавено во неговиот анкетен лист, како и целиот негов имот. Истото земјиште, кое се наоѓа во делот на градот за којшто опфат е сменет урбанистичкиот план и намената на земјиштето, а согласно проценките на општината и пазарната цена, вредноста на истото е покачена, на кој што износ од страна на сопствениците уредно се плаќа данок на промет по реална пазарна вредност. Тоа земјиште било предмет на размена за имот – стан купен со купопродажен договор и платен со банкарска трансакција и платени сите давачки. Употребна дозвола за изграден објект не издава општината, а најмалку градоначалникот, туку тоа е во надлежност на техничкиот надзор на објектот со конечниот извештај за градба којшто се спроведува во Катастар. Поранешна претседателка на Советот, Мургашанска треба ова да го знае, а не во континуитет да продолжува да ја манипулира јавноста. Ова е само уште еден доказ дека соочен со фактот дека СДСМ повторно ќе изгуби во Куманово, но овој пат и во целата држава на следните локални избори“, велат од ЗНАМ
Во соопштението се наведува дека истите клевети биле изнесени и на локалните избори во 2021 година од кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски и поранешната пратеничка Лидија Трајковска, поради што биле осудени, па затоа велат истото ќе и се случи и на Мургашанска.