ЗНАМ организира кродарителска акција во Куманово
12.06.2025 15:20
| KumanovoNews
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија утре /петок/ организира крводарителска акција во кружната сала на поранешен „Комитет“ во Куманово.

„Ве покануваме да се придружите на хуманитарната крводарителска акција, организирана со цел да помогнеме на оние на кои им е најпотребно“, стои во поканата од општинската организација на ЗНАМ.
Акцијата ќе трае од 10 до 15 часот, а се организира по повод Светскиот ден на крводарителство во соработка со Институт за трансфузиона медицина и Црвен Крст Куманово.