×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зоран Арсовски - Бабата со изложба во Ќустендил

    14.01.2020 12:14 | KumanovoNews

    Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски Бабата од Куманово, во петок (17.01) ќе се претстави пред публиката во Ќустендил, Република Бугарија.

    Зоран Арсовски - Бабата со изложба во Ќустендил

    Изложбата „Тектонски пореметувања“ брои вкупно 64 слики ќе биде отворена во  Изложбениот салон на општинскиот Театар.

    Изложбата се организира по успешното претставување на Арсовски во бугарската престолнина Софија, а на барање од љубителите на уметноста овој најнов опус на дела да биде виден и во помалите градови во внатрешноста на Бугарија.

    Изложбата ќе биде отворена до 20 февруари.

    Зоран Арсовски - Бабата е роден 1980 во Куманово. Дипломирал 2005 и Магистрирал 2007 на Националната Ликовна Aкдемија во Софија, насока сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изолжби проекти и симпозиуми во земјава и странство.

    Работи во Национална установа центар за култура “Трајко Прокопиев”- Куманово, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Работно искуство во сферата на штафелајско сликарство во познатите и негови нови сликарски техники, изработува фреско живописи, икони, сценографии и дизајн.