Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во рамки на предизборната агенда, денеска кандидатот за градоначалник Зоран Ѓорѓиевски посети една фабрика за чевли каде разговараше со сопственикот за актуелните состојби во оваа бранша.
Бидејќи стопанството ќе биде втор приоритет за наредните четири години, а кај нас носечка стопанска гранка е чевларството, ние продолжуваме контакти со сите оние поголеми фирми кои нешто значат во овој град и во чевларството во Македонија. Разговорите се за нивните проблеми, за кои проблеми локалната власт може да има сенс, да им помогне, во линковите на локалните бизнисмени со централната власт се со надеж и желба да носечките проблеми, а тоа е големата невработеност на конкретен начин биде надмината - рече Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека Куманово е чевларски град во Македонија, но треба да биде чевларски град познат и во поширокиот регион со фирмите кои се бренд.
Ѓорѓиевски влезе во погонот со работнички каде подели програма со проектите кои планира да ги реализира ако добие градоначалнички мандат.