Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од советничката група на ВМРО - ДПМНЕ ја обвинија Општината дека е неажурна и нема функционална веб страна.
Тие сметаат дека тимот кој е задолжен за изработка на страната се занимава со сликање на партиски митинзи. Советниците од ВМРО - ДПМНЕ објаснуваат дека тие го дале предлогот за изработка на интернет страна на општина Куманово. Прокоментираа дека програмата за локален економски развој и ИТ на општината се носи со задоцнување од седум месеци.
Можеме да погодуваме, но дајте две - три релевантни причини . Подобро ли е да немаме програма или да немате време да ја имплементирате. Катастрофа е. Граѓаните губат со ова. Со судни маки на иницијатива на ВМРО - ДПМНЕ имавте разбирање дека веб страна и треба на Општината - рече Бобан Николовски, советник од ВМРО - ДПМНЕ.
Зоран Павловски од Секторот за администрирање на приходи и локален економски развој објасни дека има технички проблем заради кој доцни носењето на програмата, а тоа е преводот на албански јазик. Тој спомена дека програмата е готова уште пред два месеци.
Градоначалникот Зоран Дамјановски додаде дека е набавена нова опрема која ги задоволува потребите , но набавките понекогаш траат и до 60 дена и ги одоложуваат роковите.
На шеесет и деветтата седница на Советот на општина Куманово е изгласана предлог програмата за локален економски развој и ИТ на Општина Куманово за 2012 година.